29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot 508 ќе го наследат два нови модели?

Peugeot 508 ќе го наследат два нови модели?

508 nova1

„Peugeot“ само што го освежи својот модел од средна класа, се појавија првите информации за наследникот на „508“. Наместо еден, францускиот производител би можел да претстави два модели во оваа класа.

Актуелниот „Peugeot 508“ е дизајниран така што ќе ги задоволи потребите на купувачите од два различни сегменти. Кога се појави во 2010-та година, овој автомобил беше претставен како замена за „407“, но и за најголемата лимузина на францускиот производител, моделот „607“, кој по претставувањето на производството не доби директен наследник.

Иако неодамна беше презентиран редизајнираниот модел „508“ за 2015-та година, кој во продажните салони ќе пристигне во септември, „Peugeot“ веќе планира негов наследник, поточно наследници.

Еден од челниците од компанијата, Максим Пикат, изјави за „Autocar“ дека „Peugeot“ размислува наместо еден, на купувачите да им понуди два модели кои ќе ја заменат актуелната верзија.

Според неговите зборови, еден би ги задржал основните карактеристики на сегашниот „508“, како пространа и удобна лимузина од средна класа, додека другиот би имал подинамичен изглед. Пикат додаде дека конечната одлука на компанијата ќе зависи од барањето на пазарот.

Повикувајќи се на близок извор од францускиот производител, „Autocar“ дознава дека вториот модел ќе има карактеристики на купе-лимузина и ќе биде заснован на концепот „Exalt“ кој беше претставен во април на авто-саемот во Пекинг. Во тој случај, двата автомобили ќе претставуваат ривали на „Volkswagen Passat“ и моделот „CC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП