27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораснаа активностите во кинеските фабрики за прв пат од крајот на 2013

Пораснаа активностите во кинеските фабрики за прв пат од крајот на 2013

china121

Активностите во кинеските фабрики пораснаа во јуни прв пат од крајот на минатата година, покажуваат проценките на банката HSBC. Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) за производниот сектор кој го изработува HSBC во јуни се зголеми на 50,8 поени, од 49,4 поени во мај.

Со тоа за прв пат од декември минатата година ја прескокна границата од 50 поени, граница која го дели растот од падот.

Кина во изминатите месеци презема низа активности, вклучувајќи го и намалувањето на даноците за малите компании, со цел да ја поттикне економијата.

Аналитичарите констатираа дека најновата проценка на HSBC покажува дека мерките започнале да носат резултати.

„Подобрувањата во овој месец се во согласност со податоците кои сугерираат дека владините мини-стимулирања допираат до реалната економија“, заклучи главниот економист на HSBC, Ку Хонгбин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП