30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена деловната активност во еврозоната

Намалена деловната активност во еврозоната

evrozonataj464jt4

Деловната активност во еврозоната е намалена во јуни, втор месец по ред, што значи дека постепеното закрепнување на овој блок забавува.

Индексот на управување со набавките (ПМИ), кој го пресметува лондонската компанија Маркит и со кој се мери деловната активност во производниот сектор и во областа на услугите на еврозоната, во јуни се намали на 52,8 поени од мајските 53,5 поени, потонувајќи така на најниското ниво од декември минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Според тие податоци растот на деловните активности остана силен во Германија, и покрај благото забавување, но кризата во Франција е само дополнително продлабочена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП