24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlstom ја прифати последната понуда на General Electric

Alstom ја прифати последната понуда на General Electric

ge alstom299

Управниот одбор на француската и енергетска групација „Alstom“ едногласно ја прифати понудата на американски „General Electric“ (GE) кој понуди 17 милијарди долари за енергетското работење на француската компанија.

Договорот уште мора да биде одобрен од регулаторите и претставниците на синдикатот на вработените во „Alstom“.

Француската влада одлучи да го поддржи договорот, според кој „GE“ ќе купи 20 проценти удел во француската компанија, а предвидени се и дополнителни мерки за заштита на француските интереси, потсетува „BBC“.

Конкурентската понуда на германски „Siemens“ и „Mitsubishi Heavy Industries“ беше одбиена.

Првиот човек на американската компанија, Џеф Имелт рече дека договорот ќе биде добар за Франција, „GE“ и „Alstom“.

Доколку биде одобрен, се очекува тој да биде довршен до 2015-та година и ќе претставува најголемата индустриска аквизиција на „GE“.

Според договорот, „GE“ на „Alstom“ ќе го продаде своето работење со железничката сигнализација и со француската групација ќе основаат три заеднички компании во сегментите, мрежа за дистрибуција и пренос на енергија, обновливи извори на енергија и нуклеарни парни турбини.

„Alstom“ во Франција има вработено околу 18.000 работници, па Владата во Париз бараше заштита на француските енергетски интереси и работните места.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП