30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle повторно разочара со кварталните резултати

Oracle повторно разочара со кварталните резултати

orakleuh789gtju7g

Американската компјутерска компанија „Oracle“ во четвртиот, најзначителен квартал од фискалната година од гледна точка на продажбата, забележа пад на нето профитот од 4,0 на 3,6 милијарди долари.

Кога ќе се исклучат вонредните ставки, профитот по акција изнесувал 92 центи, што е за три центи помалку од претходниот квартал.

Овој специјалист за софтверски програми во извештајниот квартал ги зголемил приходите за 3,0 проценти, на 11,3 милијарди долари, но финансиските експерти предвидуваа 11,48 милијарди, пренесува агенцијаа АФП.

Компанијата во последните неколку квартали ги разочара инвеститорите кои се загрижени за падот на профитот на оваа компанија, од која очекуваа постепен раст од година во година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП