3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија: Недостасуваат реформи во Г20

Австралија: Недостасуваат реформи во Г20

G20gt563yh46

Реформите за поттикнување на светскиот економски раст кои беа најавени на почетокот на оваа година недостасуваат, изјави денес австралискиот министер за финансии Џо Хоки.

„Предложените реформи не ја задоволуваат нашата амбициозна цел во овој момент, поради што сметаме дека треба повеќе да биде направено, потребни се подобри и пообемни реформи“, изјави Хоки за австралискиот весник „Австралиен“ во момент кога таа земја се подготвува во ноември да биде домаќин на Самитот на Г20 во Бризбејн, пренесува агенцијата Франс прес.

Хоки додаде дека во наредните неколку недели ќе разговара со министрите за финансии од земјите на Г20 за да ги охрабри да бидат проактивни.

Членките на Групата Г20 – најразвиените земји во светот и економиите со значаен пораст во февруари ветија дека во наредните пет години ќе го поттикнат глобалниот раст за повеќе од две илјади милијарди долари, од кои се одалечија со политиката за штедење за време на слабото економско закрепнување во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП