4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали ви е доста од тоа никогаш да немате пари?

Дали ви е доста од тоа никогаш да немате пари?

nemateparif;[gr

Иако се обидувате да заштедите и да ја намалите количината на парите кои ги трошите, секогаш се наоѓате некако без пари. За да направите големи промени во трошењето и заштеда на парите, треба да откриете што е тоа што постојано ве остава без пари. И покрај сите катастрофи, ќе мора да научите да туркате напред, бидејќи заштедата на пари не е тешка, важно е само добро да се испланираат трошоците за живеење и да се биде дисциплиниран.

1. Сакате да одите во чекор со другите

Без оглед на тоа дали сакате да бидете меѓу првите кои ќе пробаат некој производ, дали сакате са бидете во чекор со новата технологија или сте импулсивен купувач, вие сакате да бидете во чекор со новите работи.

Многу луѓе го прават ова за да се покажат пред пријателите, семејството или соседите, затоа што сакаат другите да мислат дека одлично стојат финансиски, иако тоа обично не е така. Тешко е да се одвикнеме од ова, бидејќи без разлика колку некој може да заработи, тој на крајот ќе потроши се,  бидејќи всушност сака се.

Можеби нема да ви треба нов автомобил само затоа што соседот го купил или поради тоа што има некои нови карактеристики, бидејќи не мора да значи дека вие ќе имате корист од нив. Убаво е ако вашиот телефон можете да го користите како проектор, но дали всушност некогаш тоа сте го користеле? Престанете да се оптеретувате со неважни нешта и обидете се да заштедите пари за иднината.

2. Никогаш не плаќате навреме

Секоја сметка ја плаќате подоцна заедно со каматата, како и ратата за кредитите, телефонот и отплаќањето на кредитните картички. Ова е вообичаено насекаде во светот. Можеби ви се чинеше дека 30 годишната отплата на кредитот е добра идеја, но во пракса се покажува сосема спротивното, бидејќи на крајот всушност ќе исплатите две куќи. Ако сакате да ги одложувате работите, не го правете тоа со сметките, бидејќи заради каматата ќе мора да плаќате повеќе.

Затоа, треба да се организирате подобро и да си најдете систем кој најмногу ви одговара за да можете да плаќате секогаш на време.

3. Немате штедна сметка

Она што најчесто се случува кај луѓето кои секогаш имаат проблеми со недостиг на пари е тоа што често ги користат парите од заштедата. Тие не сметаат дека нешто лошо може да им се случи, и тие пари да им бидат многу потребни, туку се премногу оптимистични кога станува збор за нивната иднина.

Ако немате штедна сметка и не ги чувате парите некаде во куќата, потрудете се да ги користите само тогаш ако постои ситуација во која вашиот живот виси на конец. Мора да бидете креативни и снаодливи и да најдете други начини да се извлечете од долговите.

4. Немате амбиции

Ако сакате да заштедите пари, тоа значи дека треба и да ги заработувате, бидејќи ако не ја гледате крајната цел, нема да стигнете никаде. Амбициозните луѓе се мотивирани и инспирирани, а оние кои не се, губат многу од нештата во животот, пред се парите.

Но, амбицијата не се случува преку ноќ, туку ќе мора долго време да учите како да најдете нешто што го сакате и нешто што ве прави попродуктивен. Ако станувате секој ден за работата која ја сакате и кон која чувствувате страст, амбицијата и продуктивноста автоматски ви носат повеќе пари.

Во спротивно, секогаш ќе имате финансиски проблеми.

5. Немате буџет

Единствениот начин да се извлечете од долговите е да го ограничите буџетот. Но, само ако го осмислите во вашата глава, тоа нема да биде доволно. Парите нема магично да се појават на вашата банкарска сметка, туку мора да ги ставите броевите на хартија.

Ако сте слепо оптимистични, и живеете во светот на надеж и на добрите намери, ништо нема да постигнете. Треба да се фокусирате на нешто реално во светот на масовниот консумеризмот. Затоа паметно располагајте со вашиот буџет, пред да дозволите да ве проголта бранот на долговите и на неплатените сметки.

6. Постојано се жалите

Многу е важно да го сакате она што го правите, бидејќи парите автоматски нема да го променат вашиот живот, а ако мислите спротивно, никогаш всушност нема ниту да го имате. Многу е важно да ја пронајдете среќата во себе. Можеби ќе имате лош ден, тука и таму, кога нема се да ви биде по волја и ќе бидете незадоволни, но ако секој ден се жалите, тогаш ќе треба да го пронајдете својот нов пат.

Да, можеби ќе ви биде тешко да застанете и да се борите, но дали некогаш сте прочитале книга или сте гледале филм во кој главниот јунак седи дома и чека нешто да му се случи? Кога сте среќни и исполнети, ќе престанете да трошите импулсивно на работи кои не ви се потребни, наместо да заштедите за својата иднина.

7. Премногу сте сочувствителни

Важно е да бидете дарежлив и милостив, а и да им помагате на сиромашните. Но, проблемот се појавува кога ги ставате потребите на другите пред своите потреби. Некои луѓе се премногу слаби и на крајот завршуваат полни со долгови. Не велиме дека не треба да му дадете пари на питачот на улицата, туку дека постојат подлабоко вкоренети проблеми кај сочувствителните луѓе.

Луѓето кои немаат самодоверба секогаш ќе ризикуваат да бидат без пари, поради тоа што секогаш ќе бараат начини да купат нечија љубовта и внимание. Важно е да се прифатите и да се сакате себе си, бидејќи љубовта не може да се купи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП