4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarrefour ќе ја преземе француската филијала на Dia

Carrefour ќе ја преземе француската филијала на Dia

DIA1-1155x650

Најголемиот француски дисконтен трговски ланец и воедно најголемиот во Европа во тој сектор, компанијата „Carrefour“ ќе ја преземе француската филијала на шпанската групација „Dia“, а вредноста на трансакцијата изнесува 600 милиони евра.

„Carrefour“ благодарение на овој договор, ќе обезбеди дополнителни 800 продажни објекти на домашниот пазар, со што ќе ја зајакне својата позиција во областа на мали и средни објекти кои носат една четвртина од приходите, и почесто се попрофитабилни од хипермаркетите, пренесува Ројтерс.

„Carrefour“ во март најави голема експанзија и зголемување на инвестициите од 44 проценти, на 2,2 милијарди евра во 2014 година.

Француската филијала на меѓународниот дисконтен ланец „Dia“, кој е третиот светски франшизер, зад групацијата „Aldi“ и „Lidl“, во минатата година забележа загуба од 17,9 милиони евра и приходи од 2,3 милијарди евра.

Компаниите сеуште не го прецизираа модалитетот на операцијата, а не се изјаснија ниту за судбината на 7.500 вработени во „Dia France“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП