3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанствениците го повикаа Камерон да ги спаси од даноците на ЕУ

Стопанствениците го повикаа Камерон да ги спаси од даноците на ЕУ

kameronlo9o86o986

Група директори на банки, осигурителни компании и бизнисмени го повикаа премиерот на Британија, Дејвид Камерон, да ги заштити компаниите на оваа земја од бирократијата на ЕУ и плановите да се оданочуваат финансиските институции.

Лидерите на 54 такви институции и компании, кои заедно вработуваат еден милион лица, во објавеното писмо наведоа дека промените ќе „продолжат да ја уриваат позицијата на Велика Британија на пазарот“.

Тие го предупредија премиерот дека се „исклучително загрижени“ поради неуспехот на владата да ја заштити Велика Британија од плановите на ЕУ за дополнително оданочување на британските компании.

Шефовите на компаниите, меѓу кои се и двајца поранешни министри, го повикаа Камерон во центарот на преговорите на ЕУ да биде заштита за британската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП