4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК престана да надгледува шест земји

ЕК престана да надгледува шест земји

ekevropskakomisija298

Европската комисија заврши со специјалниот надзор на буџетот на шест земји членки, бидејќи овие држави го вратија својот дефицит во рамките на границите кои се поставени од страна на ЕУ.

„Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Холaндија и Словачка го намалија својот дефицит под границата од три проценти од БДП“, соопшти Комисијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Според правилата на ЕУ, буџетскиот дефицит на земјите членки не смее да ја надминува границата од три проценти од БДП.

Според најновата одлука, само 11 од 28 земји членки остануваат под стогата контрола на ЕУ, која е позната како „процедура за спречување на прекумерен дефицит“.

Во екот на глобалната економска криза и должичката криза пред четири години, под контрола на Брисел беа 24 земји членки на Унијата. Оттогаш, благото закрепнување на одделни влади им овозможи одреден одмор за стабилизација на своите финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП