26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогат косовски политичар е Беџет Пацоли

Најбогат косовски политичар е Беџет Пацоли

bp

Според изјавите доствени до косовската антикорупциска агенција најбогат политичар е лидерот на Алијансата за Ново Косово и екс потпретседател на владата, Беџет Пацоли,чие богатство тежи 340 милиони евра.

„Најсиромашен“ е Албин Курти, лидер на Движењето„Самоопределување“,кој откако си го продаде станот наследен од родителите за изборната кампања за претходните парламентарни избори сега живее во стан под кирија.

Тој пријавил само годишен приход од 19 илјади евра. Истите приходи го пријавил и лани.

Пацоли, кој се смета за еден од најбогатите Албанци во светот, споредено со претходната година, лани, богатството го зголемил за 35 милиони евра.

Во изјавата за 2014 година Пацоли пријавил акции надвор од Косово вредни 140 милиони евра, 80 милиони акции во неговата компанија „Мабетекс холдинг“, 20 милиони евра акции во осигурителната компанија „Сигуриа“, 42 милиони евра го проценил хотелот „Свис Дајмонд“ во Приштина.

Тој има куќа надвор од Косово вредна 17,7 милиони евра и 7,3 милиони евра земјиште надвор од Косово.

Во имотниот лист пријавил дека поседува и приватен авион од 18 милиони евра и 7,5 милиони евра на банкарска смета…

Зад него по богатство е сопственикот на хипермаркетите „СТЦ“ Рамиз Келменди, кој од неодамна е член на Демократската партија на Косово.

Тој пријавил имот од 45,5 милиони евра.

За разлика од Пацоли чие богатсво е зголемено, Келменди споредено со лани „осиромашил“ за 15 милиони евра.

Трет на списокот најимотни е Хашим Дешишку, пратеник на ДПК, кој пријавил имот од 14 милиони евра или повеќе за 1,5 милиони споредено со лани.

Понамау следуваат пратеници, чиј имот се движи до шест милиони евра.

Косовскиот премиер Хашим Тачи и лидер на ДПК, пријавил вкупен имот од 650 илјади евра, заменик премиерот Хајредин Кучи, 290 илјади, Бујар Букоши 720 илјади евра, министерот за труд Ненад Рашиќ располага со недвижен имот вреден милион евра и 25 илјади евра акции, министерот за одбарана Агим Чеку, 620 илјади евра…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП