29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПризнание кое ќе го шокира светот

Признание кое ќе го шокира светот

robovi-germanija

Германските индустриски гиганти се збогатиле со помош на робови за време на Втората светска војна, пишува еден од најпопуларните бизнис магазини “Wirtschaftswoche”.

Многу од големите компании, како што се Бош, Мерцедес, Дојче банк, Фолксваген и останатите, користеле робови, кои се состоеле главно од затвореници од концентрационите логори. Вкупно на германската индустрија и помогнале речиси 300.000 робови.

Многу од компаниите кои се најдоа на листата на магазинот, веќе завршиле со своето нацистичко минато.

Дајмлер уште во 1986 година призна дека користеле 40.000 принудени работници под ужасни работни и животни услови за време на војната, што на компанијата и овозможило голем профит.

Гигантот за електроника Бош користел 20.000 робови, додека семејството Куандт, кои се сопственици на BMW, користеле 50.000 робови, а фабриката за челик ThyssenKrupp дури 75.000 робови.

Фолксваген, производителот на популарната “буба”, зависел од 12.000 робови кои работеле и живееле во најлоши можни услови во Волфсбург. Хемиските и фармацевтските брендови BASF, Bayer и Hoechst вработувале 80.000 робови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП