24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Растот на економијата над очекувањата, проекциите за целата година остварливи

Груевски: Растот на економијата над очекувањата, проекциите за целата година остварливи

gruevski

Растот на економијата и генерално економските резултати во првиот квартал од годинава се над очекувањата, што е резултат на многу мерки што Владата ги презеде во изминатиот период.

Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на ПЕТ Центарот во Скопје кој е во изградба.

Според него, растот на БДП од 3,9 проценти во првиот квартал, растот на извозот од 15 проценти и растот на прометот во индустријата од околу 6 проценти се податоци кои укажуваат на едни позитивни економски трендови во земјата кои дури се нешто подобри од проекциите на Владата и на Централната банка и на ММФ

– Тоа е одлично и укажува на сигурноста дека нашите проценки за целата година сигурно би требало да се остварат, освен не дај Боже ако дојде некоја надворешна криза, европска или светска. Но, да се надеваме дека тоа нема да се повтори и во една ситуација на нормални услови во опкружувањето очекуваме нашите проекции да се остварат, а можеби и да се надминат на годишно ниво, бидејќи во првиот квартал се надминати, изјави премиерот.

Тој додаде дека ова е резултат на многу мерки што Владата во изминатиот период ги презема. – Дел од нив, посочи, беа антикризни за време на кризата, но тие се уште важат. Можеби дел од нив со тек на време ќе почнеме да ги укинуваме, дел од нив ќе ги оставиме можеби за долг рок, но речиси сите се уште се на сила и тие даваат одлични резултати.

Премиерот смета дека Макеоднија за време на оваа европска должничка криза и претходно за светската криза споредено со другите држави помина меѓу подобрите, односно меѓу првите три – четири кои најлесно го пребродија овој период, но, додава дека тоа не значи дека немаше проблеми, дека многу луѓе не се соочија со проблеми, меѓутоа кога се споредуваме со другите држави од Европа, Македонија е една од две, три, четири земји со најмалку последици од кризата и сега излегувањето од кризата, исто така, оди прилично брзо споредено со другите држави во Европа.

Најави дека Владата ќе продолжи со огромен сет мерки кои ќе се спроведуваат и кои дополнително ќе помагаат на економијата и компаниите да се движат напред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП