2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche досега продаде повеќе од 600 примероци на 918 Spyder (видео)

Porsche досега продаде повеќе од 600 примероци на 918 Spyder (видео)

918 spyder pors

Германскиот производител на автомобили „Porsche“ соопшти дека досега веќе имаат продадено повеќе од 600 примероци од својот хибриден модел „918 Spyder“.

За споредба, „Ferrari“ производството на моделот „LaFerrari“ го ограничи на 499 возила, а пак „McLaren“ предвиде серија од 375 примероци од моделот „P1“.

Од „Porsche“ најавија дека ќе направат 918 примероци од „918 Spyder“, а преостанатите околу 300 единици своите нови сопственици ќе ги добијат во наредните 6 до 12 месеци.

Потсетуваме дека „Porsche 918 Spyder“ е опремен со хибриден погонски систем кој се состои од 4.6 литарски V8 мотор со 608 ks (447 kW) и два електромотори.

Електромоторите произведуваат 156 ks (115 kW) и 129 ks (95 kW), односно вкупно 285 „коња“, а максималната комбинирана снага на хибридниот погон изнесува 887 ks (652 kW).

Забрзувањето на ова возило од 0 дo 100 km/h изнесува 2.6 секунди, додека максималната брзина на „918 Spyder“ е 345 km/h.

Инаку цената по која се продава ова возило изнесува околу 800.000 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП