30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПланирате деловна вечера? Обрнете внимание на однесувањето на маса

Планирате деловна вечера? Обрнете внимание на однесувањето на маса

7482_shutterstock_21770485-jelo_if

Деловните манири не се само дел од вашето секојдневие во канцеларија. Во денешно време сe почести се помалку формалните приеми, бранч средбиte, деловни ручеци и вечери… во текот на кои можете многу да направите за вашата кариера. За да се претставите во што подобро светло, прочитајте како треба да се однесувате за време не деловниот оброк.

ПРОВЕРЕТЕ ГО МЕНИТО

Информирајте се однапред за тоа какво е менито во ресторанот во кој ја планирате вечерата. Ако не ви се допаѓаат специјалитетите, изберете било што за да нарачате. Подобро однапред испланирајте, отколку на лице место да ги задржувате останатите гости.

Запомнете: примарната цел на деловната вечера (или ручек) не е храната.

НЕ БИДЕТЕ ГЛАДНИ

Ако сте многу гладни, нема да можете да се сконцентрирате на работата. Затоа никогаш не одете на деловен ручек или вечера со потполно празен стомак.

Каснете парче сирење или некој крекер за да немате чувството на празнина во стомакот.

БИРАЈТЕ ЈАДЕЊЕ КАКО НАДРЕДЕНИ

Ако вашиот деловен партнер или шеф нарача лесна пилешка салата или некое друго „здраво“ јадење, приклучете му се. Немојте да го привлекувате вниманието на себе со својата огромна порција печење.

УМЕРЕНО СО ПИЈАЛОКОТ

Деловните преговори може да ги залиете со чаша вино или некој друг пијалок, но не претерувајте. Додека двете страни не ги стават своите потписи, договорот не е склучен. Не дозволувајте да ве понесе атмосферата, па поради неколку пијалоци да ви попуштат запирачките, а со тоа да го упропастите долго планираниот деловен успех.

СТАНДАРДИ

Кога со некого ја делите трпезата, тоа е своевиден дел од интима. Како јадете и како се однесувате на маса, тоа многу кажува за вас. Придржувајте се кон класичните правила на однесување: не дувајте го носот за време на јадењето, затворете ја устата додека џвакате, не мљацајте, не ставајте ги прстите во уста, избегнувајте да јадете од туѓи чинии, салветата не ставајте ја на масата туку на столот, ако одите до тоалетот.

НЕ СЕ ОДНЕСУВАЈТЕ КАКО ДЕТЕ

Не ја сецкајте целата храна во чинијата пред да почнете да јадете – така се хранат деца, а не возрасни, одговорни луѓе. Избегнувајте од лебот да правите топчиња.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЛЕПЛИВА ХРАНА

Топено сирење, шпагети со било каков вид на сос, шери домати – тоа е храна која спаѓа во ризичен избор бидејќи лесно можете да се испрскате или да го измачкате лицето или облеката. Избегнувајте спанаќ и брокули (лесно се заглавуваат меѓу забите).

ТЕЛЕФОНОТ НЕ Е ЗА НА МАСА

За време на оброкот телефонот не треба да стои на масата, или пак уште полошо, лаптопот. Непристојно е постојаното контролирање на дисплејот или праќањето пораки. Телефонирањето пак, не доаѓа во предвид. Ако не можете да се исконтролирате, оставете го телефонот во автомобилот или дома.

НЕ СЕ ИСТУРАЈТЕ ВРЗ КЕЛНЕРИТE

Дури и ако ве истурат црно вино врз вашата скапа бела кошула додека сте на многу важен состанок, немојте да ги обвинувате, навредувате или пак да им викате на келенрите. Ним им е веќе доволно непријатно поради тоа што се случило. Покажете ја својата топла, човечка природа. Со тоа значително ќе го подобрите впечатокот за себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП