20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеверемето во Дојранско ги оштети посевите

Неверемето во Дојранско ги оштети посевите

rod nevreme

Огромни штети на земјоделските посеви предизвика невремето со град и силен ветер што вчера попладне го зафати дојранскиот регион. Најмногу е погодено селото Николич.

Според земјоделците, површините се речиси целосно уништени.

„Вакво невреме не се памети во селото. Полето е страшно. Се е уништено. Морав со лопата да го чистам градот за да може водата да истече“, изјави Симо Јанкулов, жител на Николич.

Градот со големина на орев и силниот ветер скоро ги откорнаа покривите на три куќи во селото.

Од општинската комисија за проценка на штетите од невремето соопштија дека деновиве ќе се излезе на терен за да се утврди фактичката состојба според која ќе биде изготвен елаборат за штетите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП