28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Русија се намали на 4,9 проценти

Невработеноста во Русија се намали на 4,9 проценти

rusijan2973ry932yr

Невработеноста во Русија во мај оваа година се намали на историски минимум од 4,9 проценти, од 5,3 проценти кои беа забележани во април, објави руската агенција за статистика Ростат.

Претходниот рекорд беше остварен во август 2012 година кога невработеноста изнесуваше 5,2 проценти од работоспособното население.

Во службите за вработување во мај како невработени се регистрирани 0,9 милиони лица, од кои 0,7 милиони примиле надоместок за невработени.

Според податоците на Ростат, во споредба со мај 2013 година, бројот на лица без работа е намален за 5,2 проценти, а во споредба со април оваа година за 7,1 проценти. Бруто работоспособното население во мај 2014 година, според прелиминарните податоци, достигна 75,3 милиони лица или повеќе од 52 проценти од вкупниот број на жители во земјата.

Како што објави Ростат, реалните парични приходи на граѓаните на Русија во мај пораснаа за 5,8 проценти во однос на истиот месец минатата година. Просечната месечна плата изнесувала 33,280 рубљи (708 евра) и во споредба со мај 2013 година е зголемена за 13 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП