18 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотег на Coca-Cola за кој говори целиот свет (видео)

Потег на Coca-Cola за кој говори целиот свет (видео)

Earns Coca Cola

Сoсa-Сola често е мета на критики поради наздравите состојки кои ги имаат во нивниот напиток, но кога станува збор за маркетинг и промоција, тешко дека некој може да се спореди со нив.

Овој потег на Сoсa-Сolа го одушеви целиот свет, а тој можете да го погледнете во приложеното видео.

„Hello Happiness of Coca Cola“ е името на оваа реклама, а всушност станува збор за комбинација на краток документарец за сиромашните работници од југоистокот на Азија кои доаѓаат во ОАЕ за да заработат.

Тие макотрпно работат, а како главна цел им е да овозможат колку-толку пристоен живот на своите семејства во нивните земји, како и дека напорно работат за на децата да им овозможат школување…

Сепак, не заработуваат многу. Околку 6 долари дневно и го штедат секој цент за да го испратат во татковината. Но голема желба им е барем преку телефон да се слушнат со своите најблиски. Цената на повикот е голема пречка… една минута разговор чини околу 0,91 долари.

„Сoсa-Сola“ затоа направи специјално дизајнирани говорници во кои како жетони се користат тапите од шишињата на споменатиот напиток. Еден жетон – една минута разговор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП