20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапиот имот во Мајами

Најскапиот имот во Мајами

imot1

Сместен во близина на Мајами, околу заливот „Biscayne“, овој луксузен имот чини неверојатни 47 милиони долари…

Ултра луксузниот „3 Indian Creek Island“ имот, кој е создаден од група на архитекти „The Jills and the Alexander Group“ целосно завршен бил во 2010 година.

Оваа раскошна вила се простира на површина од 2.800 квадратни метри, а се состои од 10 спални соби и 14 посебни бањи, кои се поврзани со камени патеки и бујна животна ограда.

Овој објект ви обезбедува максимална приватност и безбедност.

Се наоѓа на мал остров на кој има мал терен за голф, како и приватен кантри клуб. Најскапиот имот на Јужна Флорида изграден е според концептот на еден од најпочитуваните архитекти во светот, Рене Гонзалес. Совршеното ремек дело е мешавина од уметност и архитектура и изобилува со уникатни комбинации на екстериерот и ентериерот.

Сопствениците и гостите можат да уживаат во луксузниот централен базен, кој е долг 30 метри. Во овој базен се наоѓаат и подводни звучници, а вилата има прекрасна пространа градина, неколку сјајно дизајнирани фонтани, спа центар, теретана, 6 барови, „sky bar“ на кровот, вертикални градини, џакузи и огромна ТВ сала.

Погледнете ги прекрасните фотографии од ова ремек дело…

imot2

imot3

imot4

imot5

imot6

imot7

imot8

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП