30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShire Pharmaceuticals одби 27 милијарди долари од AbbVie

Shire Pharmaceuticals одби 27 милијарди долари од AbbVie

139-thumb-552-335

Ирската фармацевтска групација „Shire Pharmaceuticals“ одби 27 милијарди фунти (33,7 милијарди евра) вредна понуда од американскиот гигант „AbbVie“ за преземање.

Компанијата со седиште во Даблин, со чии акции се тргува на берзите во Лондон и Њујорк, исто така изрази загриженост околу предлогот на „AbbVie“ седиштето на компанијата да се префрли во Британија поради пониските даноци, пренесува агенцијата Франс прес.

„Управниот одбор на „Shire Pharmaceuticals“ едногласно го одби предлогот, за кој се смета дека ја потценува вредноста на компанијата“, наведоа од „Shire Pharmaceuticals“.

Обидот за преземањее нов случај кој го потресе глобалниот фармацевтски сектор, откако англо-шведската групација „AstraZeneca“ минатиот месец одби 117 милијарди долари вредна понуда од американскиот гигант „Pfizer“, кој исто така сакаше да се префрли седиштето во Британија со цел да се избегнат даноците во САД.

„Shire Pharmaceuticals“ очекува дека до 2020 година повеќе од двојно ќе го зголеми профитот остварен во 2013 година, на 10 милијарди долари. Акциите на ирската компанија по објавувањето на веста скокнаа за 10,65 проценти во однос на нивото од претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП