20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија е најскапата држава во Европа

Швајцарија е најскапата држава во Европа

shvajcarijashvashva1hj

Цените на стоките и услугите на швајцарскиот пазар се повисоки за 56 проценти во однос на просечните цени во Европската унија, покажаа резултатите од истражувањето кое го направи европската агенција за статистика Еуростат.

Како што пренесува швајцарскиот весник „24 часа“, Швајцарија според скапотијата води во Европа, додека на второто место е Норвешка, во која цените се за 55 проценти повисоки од просекот во ЕУ.

Во рамките на ЕУ, највисоки цени на пазарот има Данска (40 проценти над просекот во ЕУ), следи Шведска со +30, Луксембург и Финска со +23.

Швајцарските соседи имаат малку повисоки цени од просекот во ЕУ – Франција 9,0 проценти, Италија 2,0 проценти, Германија 2,0 проценти и Австрија 7,0 проценти.

Од друга страна, најниските цени се на пазарот во земјите од Источна Европа – во Бугарија, Романија, Полска и Унгарија, каде цените се два пати помали од просекот во ЕУ.

Јазот помеѓу цените од земја до земја е понизок кога станува збор за облеката и електронските производи, но поголем кога станува збор за храна, а особено за алкохол и цигари, поради различните акцизи.

Така, Ирска има најскапи алкохолни пијалоци и цигари, со цени повисоки за 78 проценти од просекот во ЕУ.

Големи разлики од земја до земја постојат и во цените на хотелските и ресторанските услуги, истакнува Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП