20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтип и Кочани домаќини на Македонско-бугарски бизнис експо денови

Штип и Кочани домаќини на Македонско-бугарски бизнис експо денови

kochani_panoramska

Во организација на Македонско-бугарската стопанска комора, општините Штип и Кочани, Центарот за развој на Источно-планскиот регион и Универзитетот „Гоце Делчев“, на 23-ти и 24-ти јуни во Штип и Кочани ќе се одржат Македонско-бугарски бизнис експо денови.

Како што информира портпаролот на Општина Штип Драган Ристов, во рамки на Деновите првиот ден се предвидени дебати на повеќе теми меѓу кои соработка и комплементарност на двете економии во функција на нивно интергирање во освојување трети пазари и финансиски потенцијали на банките за развој на Македонија и Бугарија за кредитирање на извозно-ориентираните компании.

Во Кочани, пак, следниот ден, ќе се оддржи дебата на тема „Локалните власти, како до заеднички меѓугранични проекти“.

На Македонско-бугарските бизнис експо денови се очекува да присуствуваат вицепремиерите на двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП