20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMOL сака да бара нафта во Русија

MOL сака да бара нафта во Русија

mol3jd7676t879898e90e

Унгарската нафтена компанија „MOL“ интензивно бара инвестциски прилики во Русија, изјави генералниот директор на „MOL“ Јозеф Молнар.

„MOL гледа голема перспектива на рускиот пазар во сегментот на истражувањe и производство на нафта и активно бараме прилика со цел да ги исполниме сопствените цели за растот. Во моментов спроведуваме истражувања во постоечкиот имот и очекуваме позитивни резултати“, изјави Молнар.

Извршниот претседател на MOL за истражување и производство, Александар Додс, говореше за неодамнешните успеси  и планови за проширување на компанијата

„Нашата цел е да го унапредиме истражувањето во постоечките нафтени полиња, да откриеме нови прилики и да се насочиме кон аквизиција. Работиме на повеќе нивоа“, изјави Додс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП