20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на регистрираната вработеност во Франција

Пад на регистрираната вработеност во Франција

francija1

Бројот на пријавените вработени лица на францускиот пазарен сектор, не сметајќи ја категоријата привремено вработени, во мај се намали за 0,6 проценти, по растот од 3,1 проценти во април, покажуваат податоците на Централната агенција за социјална заштита.

Меѓутоа, во период од три месеци (март-мај) вработеноста е зголемена за 0,4 проценти во однос на претходниот квартал, но е во пад од 1,0 проценти во споредба со истиот период минатата година, пренесува Ројтерс.

Во категоријата привремено вработени во извештајниот период дошло до пад на бројот на вработени од 1,7 проценти, но на годишно ниво е забележан раст од 3,0 проценти.

Во индустријата во мај дошло до раст на вработеноста за 2,7 проценти, што во последните три месеци предизвика раст од 1, 5 проценти во однос на претходните три месеци, односно раст од 5,7 проценти во споредба со истиот период претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП