4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолема летна хуманитарна кампања на Oxette и Борка “Затоа што сите веруваме”

Голема летна хуманитарна кампања на Oxette и Борка “Затоа што сите веруваме”

oxxete-naslov

Од денес (20.06) започнува голема летна хуманитарка кампања во организација на светскиот бренд за накит Oxette и здружението Борка.  Кампањата која го носи името “Затоа што сите веруваме” има за цел зголемување на свесноста за ракот на дојка и  собирање на средства кои потоа ќе бидат искористени за поддршка за жените кои се бораат со оваа болест.

“Затоа што сите веруваме” е кампања која прави спој помеѓу убавиот накит и искрената верба во подоброто утро што го носи животот.

Со секоe купенo парче накит во продавниците на Oxette Македонија, 2% од продажбата во летниот период ќе одат во хуманитарни цели.

Организаторите на кампањата “Затоа што сите веруваме” ги повикуваат сите хуманитарни луѓе да се вклучат во кампањата и со тоа да придонесат за подигање на свеста кај населението за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, како и помош и поддршка на жените заболени од рак на дојка.
Кампањата започнува од денес и ќе трае се до 20.09.2014 година.

Оxette Borka

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП