12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛитванија ги исполни условите за влез во еврозоната

Литванија ги исполни условите за влез во еврозоната

litvanija1

Еврогрупата смета дека Литванија ги исполнила сите потребни услови за прием во еврозоната од 1. jануари 2015 година, изјави претседателот на Советот на министри за финансии на 18 земји со единствената европска валута, Јерон Дајселблум.

„Литванија ги задоволува критериумите неопходни за воведување на еврото“, изјави тој на конференцијата за новинарите, по состанокот на Еврогрупата.

Врз основа на извештајот на Европската комисија и Европската централна банка за исполнувањето на неопходните услови за придружување на Литванија во еврозоната, Еврогрупата припреми предлог за воведување на еврото во таа земја од 1. jануари 2015 година.

Шефот на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), Клаус Реглинг, укажа дека за влезот на земјите во еврозоната е неопходно да се соработува со ЕСМ со цел да се обезбеди премин на еврото без проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП