4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит на САД продолжува да расте

Трговскиот дефицит на САД продолжува да расте

Amerika1

Американскиот трговски дефицит го достигна највисокото ниво во последните 18 месеци поради падот на извозот и помалите приходи од инвестициите во странство.

Како што соопштија од Министерството за трговија, дефицитот во првиот квартал од оваа година изнесувал 111,2 милијарди долари, додека во последниот квартал од претходната година изнесувал 87,3 милијарди долари.

Дефицитот во периодот октомври-декември 2013 година бил најнизок во последните 14 години.

Големиот дефицит може да го забави растот бидејќи тоа значи дека американските компании остваруваат помала заработка на странските пазари.

Зголемениот извоз на нафта во последните години го намали тој дефицит, но во првиот квартал од оваа година тој извоз се намали.

Вкупниот американски извоз е намален, од 407,1 милијарди долари во последниот квартал од 2013 година на 399,7 милијарди во првиот квартал од оваа година, се наведува во извештајот на Министерството за трговија на САД.

Намален е извозот на храна, а острата зима исто така сериозно и наштети и на жетвата.

Приходите од странските инвестиции се намалени од 198,8 милијарди на 196,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП