25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Electric не се откажува од Alstom

General Electric не се откажува од Alstom

general2222

Aмериканскиот индустриски конгломерат „General Electric“ достави ревидирана понуда за превземање на енергетското одделение на француската компанија „Alstom“.

„GE“ се надева дека подобрената понуда ќе биде доволна за да добие „зелено светло“ од француската влада и со неа да ја надмине заедничката понуда на германски „Siemens“ и јапонски „Mitsubishi“, пренесува „AP“.

Како што наведува „GE“, со новиот предлог е ревидирана првичната понуда од април со вредност од 17 милијарди долари во готовина и додадени се нови гаранции во поглед на чувствителните прашања, како работните места и процесот за донесување одлуки, но целокупната вредност на договорот остана непроменета.

Додека првичната понуда подразбираше јасно готовинско купување на енергетското одделение на „Alstom“, „GE“ во новиот предлог ја повикува француската компанија да формираат три заеднички компании во кои ќе имаат удел „пола-пола“, од кои едно ќе биде за производство на електрична енергија, другото за производство на делови за хидроелектрани, а третото за турбини за нуклеарни електрани.

Германски „Siemens“ и јапонски „Mitsubishi“ претходно ја претставија својата понуда, а независниот комитет на Управниот одбор на „Alstom“ би требало да ги процени двете понуди и своите препораки да ги проследи до целокупниот одбор на компанијата пред понеделник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП