3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе обединија грчките „National Bank of Greece“ и „Eurobank“

Се обединија грчките „National Bank of Greece“ и „Eurobank“

eurobankmerge

„Националанта банка на Грција“ (НБГ) денеска соопшти дека го комлетирала процесот на преземање на ривалската „Eurobank“, со што е создадена најголемата банкарска институција во Грција.

Во соопштението се посочува дека над 64.000 акционери на „Eurobank“ се согласиле на замена на акциите, со што на НБГ и е овозможено да стане сопственик на 84 проценти од хартиите од вредност на помалата банка.

– НБГ и „Eurobank“ ги здружија силите и ја формираа најголемата банкарска групација во земјата, која ќе биде во состојба успешно да се справува со предизвиците на грчкиот монетарен и кредитен систем, изјави извршниот директор на НБГ, Александрос Турколијас.

Спојувањето на двете банки уследи од како на 10 јануари тоа беше одобрено од грчката Комисија за пазарот на капитал. Според најавите, тргувањето со акциите на новата обединета банка на Атинската берза ќе започне на 27 февруари.

Лани НБГ оставри загуба од 2,45 милијарди евра, додека „Eurobank“ во декември информира дека во првите три квартали од 2012 нејзината нето загуба изнесувалеа 1,095 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП