23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПофалете ги вашите вработени!

Пофалете ги вашите вработени!

praise1

Истражувањето на „Gallup“ во Германија покажало дека најголема маана на работодавците е недостигот на интерес да ги пофалат своите вработени.

Имено, секој четврти работник добива пофалба за својата работа.

Поради таквиот пристап, многу работници ја работат само зададената работа и не чувствуваат никаква одговорност кога е во прашање резултатот од истата.

Од околу 1.200 испитаници во истражувањето, дури секој четврти работник слуша пофалби за својата работа, а секој трет испитаник смета дека неговото мислење во компанијата има некакво влијание. Повеќето од испитаниците, околу 63 отсто ја работат својата работа бидејќи ја чувствуваат како обврска и притоа немаат никаков ентузијазам.

Вработените самите на себе си даваат отказ

Ова истражување покажа дека секој четврти работник сам на себе си дава отказ или „отказ во својата глава“. Се работи за работници кои ја имаат изгубено волјата за работа и својата кариера би ја продолжиле некаде на друго место. Овие работници често отсуствуваат од работа, притоа се непродуктивни и му штетат на напредокот на економијата.

Истражувањето опфатило и раководители од земјите со забрзан индустриски развој. Во споредба со раководителите во Јапонија, Кина и Индија, германските шефови се оценети како подобри во нивната работа. Во Кина, Јапонија, Индија, дури третина од вработените си имаат дадено отказ сами на себе.

Подобри шефови значат посреќни вработени. Посреќни вработени значи дека компанијата ќе има попродуктивни денови.

Пофалете ги вашите вработени денес!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП