25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSonyXperiaZ Ultra за најдобрите летни “selfie” фотографии

SonyXperiaZ Ultra за најдобрите летни “selfie” фотографии

zzzzzx

Во низата на летни изненадувања, Вип подготви уште една забавна содржина за своите Facebook фанови и сите љубители на “selfie” фотографиите.Имено, од денес, на својата Facebook фан страна facebook.com/vipmk. Вип започнува изборза најдобра летна “selfie” фотографија снимена со мобилен телефон, кој на најдобрите ќе им донесе примамливи летни подароци и изненадувања, меѓу кои четири SonyXperia ZUltra паметни телефони и главна награда – поставување на билборд на најдобрата “selfie”фотографија.

Сите заинтересирани можат да учествуваат со неограничен број на различни креативни “selfie”фотографии, снимени и пратени од мобилен телефон, а за да учествуваат воизборот, “selfie” фотографиите треба да ги испратат на е-маил адресата [email protected]. Деталите за правилата на учество се достапни на  www.facebook.com/VipMK.

Vip Selfie_FOTO

„Летото е период кој изобилува со забава, безгрижност и многу дружење. Оваа нова интерактивна содржинаја воведуваме за љубителите на “selfie” фотографиите и авантурите со цел да ја поттикнеме нивната креативност, да ја потенцираме индивидуалноста, слободниот дух и убавината во секој од нив. Сигурни сме дека нашите корисници ќе ја препознаат дополнителната вредност во оваа активност, бидејќи нашето “Повеќе за вас” e нешто кое со големо внимание го негуваме“, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип оператор.

Изборот за најдобра летна “selfie” фотографија ќе трае од 18 јуни 2014 до 3 август 2014 и ќе биде поделен во четири циклуси. Заинтересираните можат да се приклучуваат кон кој билоод циклусите со различни фотографии, а победничката ”selfie” фотографијакоја има најмногу “лајкови”во секој од циклуситеќе биде наградена со SonyXperiaZUltra и припејд СИМ картичка. Дополнително, за главната награда – поставување на фотографијата на билборд која ќе биде одбрана од страна на жири, во конкуренција влегуваат ”selfie”фотографиите од сите четири циклуси. Второ и третопласираните ”selfie”фотографии ќе бидат исто така наградени со пригодни подароци.

За потсетување, неодамна Вип претстави одлична можност за бесплатен Facebook за своите припејд корисници која им овозможува бесплатен Facebook каде и да се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП