24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавени критериумите за избор на производител на автентично домашно слатко

Објавени критериумите за избор на производител на автентично домашно слатко

aaaaas

Движењето за поддршка на креативноста ИвоЛауренчиќ – „Браво сине!“ и Skopje Design Week, во соработка со Македонската Асоцијација на Преработувачи(МАП) ги објавија денеска критериумите за домашните производители кои ќе можат да земат учество во проектот за брендирање на македонското слатко.

Проектот предвидува избор на еднакомпанија од Република Македонија – производител на слатко за која млади дизајнери од земјава ќе изготват идеен проект за брендирање на производ или серија на производи кои компанијата ги има во својот асортиман или планира да ги лансира на пазарот.

Конкретно, за учество во овој проект компаниите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да имаат седиште, производство и пласман во Република Македонија;
  • Да се компанија со доминантен домашен капитал;
  • Во својот производствен асортиман да имаат производ – слатко за чие производство користат суровина – овошје од претежно домашно производство;
  • Да бидат подготвени да ги имплементираат идејните решенија за новиот бренд со тоа што производот или серијата производи ќе ги направат достапни за потрошувачите преку домашната малопродажна мрежа, како и можност за извоз на странските пазари.

Отворениот повик за сите заинтересирани компании ќе трае до 01. јули 2014. Пријавата за учество е достапна на интернет страниците: www.bravosine.mk, www.sdw.mk.

Откако ќе биде избран производителот на слатко, Движењетоза поддршка на креативноста ИвоЛауренчиќ – „Браво сине!“ и Skopje Design Week на почетокот на јули годинава ќе биде објавен и отворен повика за млади дизајнери кои треба да изработат идејни решенија за брендирање на автентично „Слатко од Македонија“.

Целта на проектот е поттикнување на креативниот потенцијал на младите во функција на економскиот развој на земјата, преку брендирање на автентични национални производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП