29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтора традиционална средба на дипломци од Универзитетот Шефилд!

Втора традиционална средба на дипломци од Универзитетот Шефилд!

sa

Македонските дипломци од Универзитетот Шефилд се собраа на традиционалната AlumniReunion средба по втор пат во Скопје. Овој пат во придружба и на многубројни претставници од корпоративниот сектор во Република  Македонија, кои што своето знаење го стекнале на Академијата за Менаџери. Истакнати професори, експерти и доктори на науки, дел од образовниот кадар на  Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ од Солун, исто така беа присутни.

sb

„Собирот на дипломци има големо значење, затоа што ги надминува границите на обична средба – тука дипломците од Македонија се сретнуваат, комуницираат, воспоставуваат нови деловни врски и разменуваат искуства. Едни од вредностите кои ги пренесуваме се самомотивирање и проактивност и веруваме дека секоја наредна средба ќе биде нова можност за создавање многубројни бизнис релации“, изјави Јанис Верверидис, претседател на СИТИ Колеџ.

sc

Популарноста на овој универзитет, се должи на беспрекорниот квалитет на едукативниот систем и резултатите кои студентите ги постигнуваат по стекнатото образование. Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ од Солун се издвојува по своите единствени и иновативни едукативни методи, специфична имплементација на теоријата во пракса како и развивање на исклучителни академски и индивидуални вредности. Универзитетот Шефилд е еден од ретките чии дипломирани студенти уживаат можности за вработување во сите земји низ Европа и целиот свет!

sd

Академија за Менаџери како административна единица на СИТИ Колеџот во Скопје, веќе две години локално имплементира образовни програми на постдипломско ниво.

„Улогата и функцијата на Академијата за Менаџери е исклучителна и овој собир е потврда за тоа. Постдипломските програми и викенд предавања што се организираат во Скопје најмногу се наменети за деловни луѓе кои имаат интерес за високо-квалитетна доедукација на постдипломско ниво од еден престижен британски универзитет, но не можат да посетуваат редовни студии. Исто така, соодветно на потребите на бизнис заедницата во Македонија како и на јавните институции, создаваме програми коишто го унапредуваат нивното работење и помагаат при полесно справување со тековните предизвици“, изјави Марија Никовска, директор на Академија за Менаџери.

sf

На  Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, досега се образувале повеќе од 850 дипломци од Македонија на додипломските, постдипломските како и постдипломските програми на извршно ниво. Моментално има околу 90 активни студенти на сите програми.

sp

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП