29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle Suisse се надева на поголем раст во 2014

Nestle Suisse се надева на поголем раст во 2014

nestlesuisse54bvrg574r

Швајцарската кондиторска компанија „Nestle“, на ниво на домашната филијала „Nestle Suisse“, минатата година оствари раст на приходите од 1,51 милијарди франци, со раст од 0,6 проценти, а за тековната година предвиде забрзување на растот, и покрај силниот франк и популарниот шопинг туризам на швајцарските граѓани во соседните земји.

На ниво на групацијата, компанијата „Nestle“ во 2013 година забележа пад на нето профитот од 2,1 проценти, на 10 милијарди франци, но и раст на приходите за 2,7 проценти, на 92,16 милијарди франци, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Во првиот квартал од оваа година приходите на групацијата се намалени за пет проценти, на 20,82 милијарди франци.

Според генералниот директор на „Nestle Suisse“, Евгениј Симиони, компанијата повеќе години е соочена со скромен раст на домашниот пазар, со оглед на тоа што на глобалниот раст поволно влијаат резултатите од пазарите на земјите во развој.

Тој додава дека на швајцарскиот пазар, кој е прилично софистициран и пребирлив, последните години продажбата растела за најмногу 1,5 проценти. Благодарение на иновациите, за оваа година очекуваат побрз раст.

Симиони нагласува дека „Nestle Suisse“ извезува две третини од своите производи, и дека силниот франк бара компанијата да биде конкурентна, што подразбира големи напори со цел да се намалат трошоците.

„Nestle Suisse“ вработува 3,400 лица, а заедно со уште неколку домашни филијали во рамките на групацијата вкупно 10,175, додека бројот на вработени на ниво на цела групација на „Nestle“ во целиот свет, на крајот на 2013 година изнесуваше околу 333,000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП