4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција и Кина потпишаа низа трговски договори

Грција и Кина потпишаа низа трговски договори

greecechinag]p54y=o0

Грција и Кина вчера потпишаа низа трговски договори во вредност од 4,6 милијарди долари (3,4 милијарди евра), за време на посетата на кинескиот премиер Ли Кечијанг на Атина.

„Грција може да стане влезна точка за кинеските инвеститори во Европа“, изјави грчкиот премиер Антонис Самарас на заедничката конференција со кинескиот колега, и наведе дека официјална Атина сака да ја приближи Кина до Европа, пренесува агенцијата Франс прес.

За време на нивниот состанок договорени се и повеќе милијарди долари вредни кредити од Кинеската развојна банка за изградба на најмалку 10 грчки бродови во кинеските бродоградилишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП