9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry со профитот ги изненади аналитичарите

BlackBerry со профитот ги изненади аналитичарите

blackberry_hq

Канадскиот производител на мобилни телефони „BlackBerry“ ги изненади аналитичарите со објавата дека во првиот фискален квартал од оваа година остварил профит.

Според соопштението на канадската компанија, во три месеци заклучно со 31. Мај компанијата „BlackBerry“ остварила нето профит од 23 милиони долари или четири центи по акција, во споредба со загубата од 84 милиони долари или 16 центи по акција од претходната година, пренесува агенцијата АП.

Приходите, сепак, се намалени на 966 милиони долари во споредба со 3,07 милијарди долари од истиот период минатата година, додека аналитичарите очекуваа приходи од 961,7 милиони долари.

По ваквата вест, акциите на „BlackBerry“ пораснаа за 11,5 проценти на 9,26 долари на вчерашното тргување на берзата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП