Ваљон Сарачини денеска ќе изврши официјално примопредавање на функцијата министер за економија на новоименуваниот Беким Незири.
Сарачини стапи на функцијата министер за економија во јули 2011 година, поставувајќи ги за приоритети во својот мандат подобрувањето на бизнис климата, зголемувањето на конкурентноста на македонската економија, развојот на ефикасен и стабилен енергетски систем, планското и одржливо искористување на минералните суровини, како и развојот на туризмот.