6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанела Арсовска, прва жена претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија

Данела Арсовска, прва жена претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија

danela

Сојузот на стопански комори на Македонија, на редовното годишно Собрание на кое присуствуваа над 500 членови, ја избра Данела Арсовска за претседател на Сојузот во следните две години.

Арсовска е член на Управниот Одбор на ССК и претседател на Услужната комора.

На претседателската функција во ССК претходно беше Златко Калеников.

– Ќе се залагам за организациски развој на ССК, економски раст на компаниите, иницирање на законски измени и двојно зголемување на членството. Минатата година, Услужната комора со која јас раководат, двојно го зголеми бројот на членови и реализира голем број на активности. Се надевам овој успех ќе го постигнеме и на ниво на ССК, изјави Данела Арсовска.

Арсовска се заблагодари за довербата и ги охрабри сите членови на ССК да продолжат да придонесуваат со својот ангажман во јакнењето на Сојуз на стопански комори на Македонија, со што ќе инвестираат и во иднината на сопствените компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП