2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW сака да заштеди милијарди!

BMW сака да заштеди милијарди!

norbert-reithofer

„BMW“ планира значително да ги намали трошоците. Норберт Рајтхофер, шефот на компанијата, настојува да заштеди три до четири милијарди евра годишно со цел да ја задржи маргината на профитот на компанијата меѓу осум и десет проценти, а со тоа задржувајќи ги инвестициите во зголемувањето на производството и новата технологија. Маргината на профитот на „BMW“ во 2013-та година е задржана на 9,4 проценти.

Рајтхофер не е задоволен во врска со трошоците кои ги имаат од „Mini“ и „Ѕeriеѕ 1“, но не спомена конкретно за какви трошоци станува збор и кои чекори ќе бидат превземени за тие да се намалат. Значи, помалку е тешко да се претпостави каде ќе дојде до „скратување“.

Тоа што може да се случи е „BMW“ да се обиде да заштеди 100 милиони евра од трошоците за работната сила во Германија, солуција која беше најавена пред неколку недели во германскиот весник „Münchener Merkur“. Меѓутоа, ни сумата од 100 милиони евра не е ниту блиску до таа што ја споменува Рајтхофер.

Во меѓувреме, компанијата планира да ја зголеми глобалната продажба од 2 на 2.5 милиони единици до 2016-та, па со тоа да се најде пред „Mercedes“ и „Audi“. Дел од тој план е зголемување на производството во САД, Кина и Латинска Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП