9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионот на ЈИЕ ќе има на располагање 11,7 милијарди евра за развој

Регионот на ЈИЕ ќе има на располагање 11,7 милијарди евра за развој

money-euro_w520

Управниот одбор на „Стратегијата 2020 на Југоисточна Европа“(ЈИЕ 2020) на Регионалниот совет за соработка (РСС) денеска во Букурешт одржа прв состанок.

ЈИЕ 2020 е заедничка стратегија за економскиот развој на седум држави, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. Стратегијата ја иницираа и ја договорија годинава владите на овие држави.

Еден од инструментите кој ќе биде на располагање за спроведување на ЈИЕ 2020 е фондот ИПА 2, инструментот на ЕУ за претпристапна помош, преку кој во следните седум години ќебидат обезбедени 11,7 милијарди евра.

Со спроведувањето на 86 заеднички мерки, државите планираат да ги отстранат трговските бариери, заеднички да го промовираат регионот на странските инвеститори, да финансираат истражувачки програми, да развијат енергетска и транспортна инфраструктура, да овозможат мобилност на работниците на целата територија на Балканот, да ги подобрат владините услуги, како и амбиентот за бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП