19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство во Русија

Раст на индустриското производство во Русија

rusija

Индустриското производство во Русија во периодот јануари-мај 2014 година е зголемено за 1,7 проценти во споредба со истиот период минатата година, додека само во мај тој индикатор е зголемен за 2,8 проценти.

Во споредба со април, индустриското производство во мај е намалено за 0,4 проценти, објави руската статистичка служба Рос стат.

На почетокот на месец јуни министерот за економски развој на Русија Алексеј Лјукајев, динамиката на раст на производството ја процени на 2,4 проценти во мај, пренесува Итар тас.

Како што беше објавено и претходно, во првиот квартал од 2014 година индустриското производство во Русија во споредба со истиот период минатата година пораснало за 1,1 проценти, но во споредба со четвртиот квартал од 2013 година тој индикатор е намален за дури 12,4 проценти.

За вториот квартал од тековната година Министерството за економски развој прогнозира дека индустриското производство ќе бележи раст од 0,7 проценти, а за цела 2014 година раст од еден процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП