3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожно редуцирање на приносите на жито поради врнежите

Можно редуцирање на приносите на жито поради врнежите

zito20

Врнежите што ја зафатија Македонија секојдневно го намалуваат квалитетот на житните култури, посебно јачменот. Тоа ќе ги редуцира приносите, но производителите, сепак, очекуваат добра жетва.

Дали влијанието на временските услови ќе се одрази врз цената на крајниот производ, велат, е рано да се каже. Не може да се прогнозира ниту колку жито ќе треба да увеземе годинава.

„Годинава очекуваме една од подобрите жетви. Доколку временските услови се подобрат треба да биде и надпросечна. Во спротивно, ако врнежите продолжат, ќе се намалат приносите и квалитетот што веќе се забележува“, изјави денеска Огнен Оровчанец, претседател на Агро комората при Сојузот на стопанските комори.

Според него, сите случувања на глобално ниво како поплавите во Србија, екстремните суши во Аргентина, Белгија, Холандија и Франција, ќе се одразат, но како, не треба да се шпкеулира. Какви било калкулации и конкретни биланси може да се прават дури по собирањето на родот.

Намалувањето на површините со пченица што го евидентира и статистиката, Оровчанец го квалификува како светски тренд.

„Намалување на површините, а зголемување на приносите е европски и светски тренд. исто така тренд е и зголемувањето на стимулациите. И да се намалени површините, се очекува зголемен принос“, напомена Огнен Оровчанец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП