26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако преживуваат Црногорците?

Како преживуваат Црногорците?

potroshuvachi56468786hiugiug

Вредноста на минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во мај изнесувала 792,2 евра, соопшти црногорскиот завод за статистика Монстат.

Од вкупниот износ на храна и безалкохолни пијалоци се трошат 250 евра, на непрехрамбени производи и услуги 348,6 евра и на домување 193,6 евра.

Вкупната вредност на минималната потрошувачка кошница во мај, забележала раст од 0,3 проценти во однос на април оваа година.

Податоците на Монстат покажуваат дека вредноста на минималната потрошувачка кошница за храна и безалкохолни пијалоци во мај во однос на претходниот месец забележала раст од 0,1 проценти.

Вкупната вредност на минималната потрошувачка кошница во мај оваа година е намалена во однос на истиот лански месец за 1,9 проценти, додека во однос на декември минатата година таа е намалена за 0,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП