27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД ја намали прогнозата за американскиот економски раст

ФЕД ја намали прогнозата за американскиот економски раст

fedcwef03hf083htgf3hnfg

Американската Управа на федералните резерви (ФЕД) ја намали прогнозата за економскиот раст на најголемата светска економија оваа година, по острата зима.

Истовремено, ФЕД ги задржа непроменети каматните стапки, покажувајќи дека верува во скромното закрепнување. Претседателката на ФЕД, Џенет Јелен, изјави дека економијата напредувала по падот во првиот квартал и ги отфрли тврдењата дека забрзувањето на инфлацијата е знак дека е потребно да се заостри монетарната политика, пренесува агенцијата Франс прес.

Клучната каматна стапка централната банка ја задржа на ниво од нула до 0,25 проценти, колку што таа изнесува од крајот на 2008 година, наведувајќи дека ниските стапки и понатаму и се потребни на економијата.

ФЕД очекува економски раст од 2,1 проценти до 2, 3 проценти, што е значително под прогнозата од март која изнесуваше 2,8 проценти. Во 2015 година се очекува забрзување на растот на три до 3,2 проценти со инфлација од околу два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП