ЕКОНОМИЈА

Во Куманово издадени 86 дозволи за градење по електронски пат

kumanovo20

До секторот за урбанизам од општина Куманово се  доставени 137 барања за дозвола за градење, по електронски пат, а досега се издадени 86.

„Согласно Законот за градба, за издавањето електронски дозволи, граѓаните исклучиво може да аплицираат по електронски пат и да добијат одобрение за градба. Издадени се дозволи и на физички и на правни лица“, вели раководителот на секторот Лидија Ланг Спасовска.

Најголем интерес има за индивидуални објекти, а потоа и за станбени и индустриски објекти.

Од 15 до 20 проценти од барањата се однесуваат на изградба на колективни станбени објекти.

„Интензивно се гради на подрачјето на целата оштина, а најатрактивни локации за градба, според барањата доставени до секторот, се разбира се централното градско подрачје, околу кумановската гимназија, во населбите „Зелен Рид“,„Гладно поле“ и „Тоде Мендол““, информира Ланг Спасовска.