3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„ЧСА“ со загуба од над 34 милиони евра

„ЧСА“ со загуба од над 34 милиони евра

csa

Чешката национална авионска компанија „ЧСА“ минатата година при остварен приход од 13,3 милијарди круни (493 милиони евра) забележала загуба од 34 милиони евра, објави чешкиот весник „Млада Фронта Днес”.

Тоа е најлош резултат од 2009 година на авиокомпанијата, која во последниве години успеа да преживее единствено поради продажбата на сопствениот имот, јави дописникот на МИА од Прага.

„Резултатите ја одразуваат долгорочната негативна ситуација во воздушниот сообраќај во Европа“, изјави портпаролот на „ЧСА”, Дан Шабик.

Минатата година 44 проценти од „ЧСА“ ги откупи „Кореа Ерлајнс“, а подоцна удел купи и „Травел сервис”.

По одобрување на трансакцијата од страна на Канцеларијата за заштита на стопанската конкуренција овие компании ќе имаат мнозинство во чешката компанија, но влијанието на финансиските резултати ќе се покаже дури идната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП