20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСигурно би сакале да работите за Опра Винфри

Сигурно би сакале да работите за Опра Винфри

Џенет Ли е дизајнер на ентериери, која повеќе години работела во тимот на Опра Винфри. Работата за која многумина сонуваат.

Дали Опра е навистина така љубезна, несебична и чувствителна како што се претставува во своите емисии или тоа е само искусно телевизиско сценарио наменето за луѓето?


Таа го одбира само нјадоброто. Џенет Ли вели дека само вработувањето во тимот на Опра подразбира да работите со најдобрите од најдобрите. Дали станува збор за дизајнери, организатори, мајстори за светло или тон, дистрибутери…. од нив нема подобри.

Грижлива е! Иако е милијардер и има многумина соработници, таа е многу заинтересирана за сè во врска со своите вработени. Џенет вели дека таа го знае името на секој нејзин вработен, а тоа е неверојатно.

Со двете нозе на земја. Опра често се појавува во кафетеријата без шминка и нарачува тост. „Сме ја гледале и со витлери на главата и во тренерки. Тоа ја прави неа достапна и нормална и затоа сите ја сакаат, додава Џенет.

Пример за сите. Џенет вели дека е вистинско задоволство да се работи со некој кој е всушност модел во секој поглед, особено во бизнисот. Таа е лидер кој е пример за сите. Никогаш не го повишува тонот, работи со полно срце, посветено и вредно и сите останати ја следат без да се жалат.

Свесна е за напорите на вработените и им се заблагодарува. Опра често јавно ги признава и ги фали трудот и работата на своите луѓе.

Своите вработени ги повикува дома. Еден 11 септември направивме одлично шоу и сите бевме горди, но и тажни поради датумот и годишницата. Таа не повика сите нас во нејзиниот дом и ни приреди прекрасна вечера. Тоа не се заборава….. се сеќава Џенет Ли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП