20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХосни Мубарак нема имот и сметки во Албанија

Хосни Мубарак нема имот и сметки во Албанија

hosnimubarak

Поранешниот египетски претседател и членовите на неговото семејство немаат недвижен имот и банкарски сметки во Албанија.

Ова, според тиранскиот весник „Панорама“, е резултат од верификацијата што ја направило албанското обвинистелство, врз основа на барањето добиено од египетските власти. Имено, египетските власти бараа од албанските власти да спроведат истрага за имотот на Хосни Мубарак, неговата сопруга Сузан Салех Сабет, неговите два сина како и неговите блиски соработници.

Египетското обвинителство официјално побара и од македонските власти да проверат дали екс претседателот на Египет – Хосни Мубарак, има недвижен имот и банкарски сметки во Македонија.

Барањето од египетските власти е поради тоа што се сомневаат дека 84-годишниот Мубарак и 47 поранешни претставници и членови на семејството, дел од нивните средства ги трансферирале во Македонија и во Албанија, наведува весникот. Сомненијата се дека 47 лица блиски до Мубарак, чиј идентитет им е познат на правосудните органи, со злоупотреба на властите во период од 1982 до 2010 година стекнале имот вреден 185 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП