29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОткријте што тајно ви го празни паричникот

Откријте што тајно ви го празни паричникот

53459_novcanik-shutterstock-110263778

Оние што се занимаваат со продажба на разни производи имаат многу трикови кои ги користат за да ве наведат да потрошите што повеќе пари кај нив. Освен тоа, некои работи што навистина несвесно ги правите исто така ве чинат пари. Ви откриваме неколку причини за празен паричник.

1. Онлајн купување

53460_online-shutterstock-147979856_630x0

Многу компании користат „колачиња“ за да следат колку го посетувате нивниот сајт, па може да се случи при пребарувањето една работа постојано да се наоѓате на истите сајтови и можеби ќе пропуштите поповолни можности. Поради тоа, на интернет пребарувајте во „приватен мод“ кога сакате да купувате преку интернет бидејќи тогаш не памети кои сајтови сте ги посетиле, па нема ни „колачиња“.

2. Се вртите на десно кога влегувате во продавница

Неодамна е извршено истражување на кој начин се креирани бутиците и другите продавници и како тоа влијае на начинот на кој купуваме. Можеби веќе сте забележале дека кај повеќето бутици веднаш на влезот има маси со наредена облека така што не можете по најкраток пат да влезете во задниот дел од продавинцата, па морате да свртите лево или десно. Бидејќи повеќето луѓе се деснаци, облеката од која бутикот сака да се ослободи е од десната страна. Продавачите одат и дотаму што вградуваат мали плочки на подот така што секој чекор ви изгледа како да е подолг, па поради тоа ќе го забавите одењето и подолго ќе ги гледате полиците.

53461_odeca-shutterstock-138828500_630x0

3. Не носите со себе оброк од дома

Многу луѓе кога се на работа нарачуваат храна или одат во рестораните за време на паузата. Во просек, мажите трошат 44 проценти повеќе пари на храна отколку жените. Обидете се да пресметате колку пари дневно давате за храна на работа, а потоа сето тоа соберете го и видите колку пари месечно трошите на храна. Наместо да купувате готова храна подгответе си дома оброк претходната ноќ и понесете си го на работа со себе, на тој начин многу ќе заштедите.

4. Постојано ви е вклучено светлото

53462_svetlo-shutterstock-95322187_630x0

Во вашиот дом без оглед на тоа во која просторија седите, постојано имате некоја вклучена сијалица која во моментот не ви користи но сепак свети, исклучете ги сите сијалици кои не ви се потребни, денар по денар но парите си одат, научете да штедите. Исто така исклучете ги и уредите како ТВ, компјутер и сл. во моментот кога ќе престанете да ги користите.

5. „Бесплатна достава“

Продавачите се свесни дека купувачите тешко одолеваат да купат работи за кои доставата е бесплатна и тоа го користат. На купувачите обично им звучи поскапо кога на цената на производот ќе се додаде и цената за достава. Треба да знаете дека цената на производот што го купувате е обично многу поголема од набавната цена така што „бесплатната“ достава е и тоа како исплатлива за продавачите додека ви „удира“ по џебот, а вие за тоа не сте ни свесни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП