6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто му прават високите потпетици на вашето стапало? (видео)

Што му прават високите потпетици на вашето стапало? (видео)

63691_1_630x0

Вртоглаво високите потпетици визуелно ги прават потенки нозете на жените, но доколку го погледнете стапалото преку три-димензионалниот приказ на коските, можеби наредниот пат два пати ќе размислите пред да одлучите да облечете високи потпетици.

Технологијата наречена “pedCAT” претставува посебен вид на рендгенски снимки кој во Америка доби дозвола за употреба од Министерството за медицина. Најголемата разлика помеѓу овој и класичниот начин на рендген е во тоа што при овој начин лекарот може да го види стапалото во реална ситуација, каде трпи болка и притисок од телесната тежина.

Добро е познато дека високите потпетици и тесните врвови на чевлите можат да бидат катастрофални за стапалата. Проблемите кои можат да се појават кај жените кои често носат високи потпетици е скратување и здебелување на Ахиловата тетива, поради што подоцна ќе им биде прилично болно да одат боси или да носат рамни чевли. Исто така може да дојде до воспаление на тетивата, приклештување на нервите, израстоци и деформитети.

“Модата секако ќе победи, поради тоа сметаме дека најпаметно е барем да се одржува некаков баланс при носењето високи потпетици. Немојте да ги носите секојдневно и поштедете го своето стапало од непотребно страдање”, тврди д-р. Алан Блок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП